ВИДЕО | Паника во Капитол хил: Непознато лице со автомобил удрил двајца полицајци, има мртви

сад конгрес
Конгресот на САД / Фото: Архива

Еден полицаец им подлегнал на повредите, а друг е повреден откако непознато лице ги проби безбедносните бариери и ги удри пред Капитол хил во Вашингтон, јавува Си-Ен-Ен.

Осомничениот исто така е мртов, потврдија повеќе извори за Си-Ен-Ен. Од полицијата потврдиле и дека возачот кој ја пробил барикадата излегол од автомобилот со нож во рацете и ги нападнал полицајците, по што убил најмалку еден од нив.

Пред зградата во рок од неколку минути слетал хеликоптер, а набргу стигнале и возилата за брза помош.

Според првичните информации од полицијата, двајца полицајци се повредени кога непознато лице удрило во нив со автомобилот.

„Сите тројца се префрлени во болница“, се додава во соопштението.

Осомничениот набргу бил уапсен, а после медицинскиот преглед, ќе биде испратен во затвор.

Меѓутоа, се уште не е разјаснето дали се работи за намерен обид на напад или несреќа.

Зградите на Капитол хил се заклучени „заради надворешна закана на безбедноста“, а на членовите од персоналот им е речено дека не можат да влезат во зградата или надвор од неа, пишува Ксат.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот