ВИДЕО | Паника во Франција: Отсечена човечка глава фрлена од прозор, полицијата блокираше дел од градот

Фото: Твитер/ Принтскрин

Во центарот на францускиот град на медитеранскиот брег, во тек е полициска операција, откако од една зграда била фрлена кутија со отсечена човечка глава, пишува весникот „Nice-matin“.

„Во изјава од полицијата се наведува дека е исечена човечка глава. Според податоците, кои се потврдени од Централната управа за јавна безбедност, картонска кутија со отсечена глава била фрлена од прозор“, наведува Фигаро повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата го блокираше овој дел од градот.

На една од снимките на социјалните мрежи се гледа како полицијата приведува еден маж.

Снимката е направена од блиските згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот