ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Рејкјавик и околината денеска беа погодени од силен земјотрес со јачина од 5,6 степени, но немало штета. Земјотресот накратко само ја прекинал собраниската седница.

Во тоа време и премиерката на Исланд Катрин Јакобсдотир давала онлајн интервју за состојбата со ковид-19, кога среде реченица нејзиниот кабинет се стресе, а таа имаше панична реакција, која ја насмеа јавноста.

-О господе, уште еден потрес, се извинувам во моментов имаше земјотрес- вели испаничено Кетрин, а потоа со блага насмевка додава: „Ова е Исланд“.

Силниот земјотрес траел неколку секунди, проследен со неколку помали последователни потреси, а собраниската седница била одложена петнаесет минути.

Во Рејкјавик, земјотресот бил проследен со силен татнеж.

Според Метеоролошкиот институт во Исланд, епицентарот бил на дваесетина километри од главниот град, во геотермалната зона Селтун.

„Нема повредени или материјална штета“, објави цивилната заштита, но сепак ќе се изврши увид за да се потврдат тие информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот