24.8 C
Скопје

ВИДЕО: Пандев стартер на „Луиџи Ферарис“, Сасуоло е пред Рома!

Денеска во првиот натпревар од неделната програма во 35 коло на италијанскиот шампионат А Џенова загуби дома од Сасуоло со резултат 1:2.

Кај домаќините стартер беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој настапи до 68 минута кога беше заменет од Н. Ровела.

Сасуоло поведе со голот на Распадори во 14 минута, па зголеми Берарди во вториот дел, а конечниот епилог го постави Запакоста (85`).

На табелата Сасуоло е на седмата позиција со 56 бодови (еден повеќе од осмопласираната Рома) и ја одржува трката за место на меѓународната сцена.

Џенова го претрпе 15 пораз сезонава за моментно 14 позиција со 36 бодови, а до крајот на сезоната има уште три меча за составот на Балардини против Болоња, Аталанта и Каљари.

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар