ВИДЕО: Пандев со асистенција во поразот на Џенова!

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Денеска на стадионот „Луиџи Ферарис“ се одигра заостанатиот натпревар од третото коло во најсилното италијанско првенство во кој Џенова загуби од Торино со резултат 1:2.

Во првото полувреме гостите поведоа со погодокот на Лукиќ во 10 минута, а предноста беше зголемена после автоголот на Пелегрини.

Горан Пандев за домаќините го одигра целото второ полувреме, го замени Голданига и до крајот на средбата неговиот клуб само успеа да го ублажи поразот.

Македонскиот репрезентативец во судиското надополнување (90+4`) убаво го пронајде Скамака за поставување на конечниот епилог.

Загрижувачки е тоа што Џенова веќе петти меч во низа во Серија А е без триумф, моментно е на 16 позиција со пет бода. Во наредното коло на домашен терен на 8 ноември ќе ја пречека екипата на Рома која пак пет меча по ред не знае за пораз, а досега единствениот беше службен (3:0) на 19 септември против Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот