-2 C
Скопје

ВИДЕО: Пандев поразен на гостувањето кај Удинезе, Алиоски изнуди црвен картон од Пепе

Илија Несторовски не беше дел од тимот од Удине.

Екипата на Удинезе со минимални 1:0 ја совлада Џенова во рамките на осмото коло од Серија А.
Едиствениот гол вреден три бода за тимот од Удине беше аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Паул во 34. минута.
Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев беше дел од првиот тим на Џенова, но беше заменет во 68. минута, додека вториот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, не беше дел од тимот на Удинезе.

Со овој пораз Џенова падна на 19. позиција со само пет бода во осум натпревари, додека Удинезе е 16. со седум бода.

Во англиската Премиер лига, Езџјан Алиоски ги одигра сите 90. минути за Лидс во ремито без голови против Арсенал. Алиоски имаше свој допринос во ремито бидејќи изнуди црвен картон од Никола Пепе во 51. минута.

Прочитајте и...  Пеп Гвардиола призна кој клуб е моментно најдобар на светот!
Езџјан Алиоски/EPA-EFE/Michael Regan

Лидс е на 14. позиција на табелата со 11 бода, еден помалку од Манчестер сити кој заедно со Ливерпул се главни фаворити за титулата.

Поврзани вести

Тројца одлични играчи на „радарот“ на Барса!

Слободен печат

ВИДЕО: Реал со чекор назад, „кралевите“ во финишот избегнаа пораз!

Слободен печат

Пеп Гвардиола призна кој клуб е моментно најдобар на светот!

Слободен печат

Желбата на Лапорта: Артета за нов тренер на Барселона!?

Слободен печат

Поповиќ: Очекувањата беа поголеми, за жал реална е оваа слика на Металург!

Слободен печат

Влахо: Има напредок, но и тактички грешки кои мора да ги анулираме

Слободен печат

Остави Коментар