ВИДЕО: Пандев од клупата го гледаше ремито на Џенова

Џенова останува досега само на еден триумф сезонава во Серија А/Емполи, Италија/5 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Денеска во првиот натпревар од 12 коло во најсилното италијанско првенство ремизираа екипите на Емполи и Џенова со резултат 2:2.

Кај гостите во составот беше македонскиот напаѓач Горан Пандев, но овојпат не доби минутажа од тренерот Балардини.

Водеше Џенова после првото полувреме со голот на Кришито кој беше прецизен од пенал во 13 минута од средбата на стадионот „Карло Кастелани“.

Домаќините направија пресврт во второто полувреме, најпрвин во 62 минута израмни Ди Франческо, а асистентот на тој погодок Зурковски во 72 минута се запиша исто така во листата на стрелците.

Во 89 минута клубот од „Луиџи Ферарис“ го избегна поразот благодарение на голот постигнат од страна на Бјанки по додавањето на Каиседо.

Џенова останува на еден триумф досега оваа сезона, после шестото реми (трето по ред) се наоѓа на 17 место во генералниот пласман во Серија А со девет бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот