ВИДЕО: Пандев и Џенова во последната минута се спасија од пораз

Џенова во финишот од натпреварот успеа да избегне пораз/ фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Екипата на Џенова одигра 2:2 на домашен терен против Сасуоло во рамки на осмото коло во Серија А.
Поранешниот капитен на македонската репрезентација Горан Пандев се најде во првиот тим на Џенова, одигра 76. минути по што беше заменет со Каиседо.

Сасуоло со головите на Скамака во 17 и во 20 минута поведе со 0:2, но домашниот тим успеа во првиот дел да намали на 1:2 благодарение на Дестро. Голот со кој Џенова се спаси од пораз го постигна Васкез во 90. минута.

По осум кола, Џенова се наоѓа на 17. место на табелата со шест бода, додека Сасуоло има два бода повеќе за 14 место.

Екипата на Аталанта оствари убедлив триумф на гостувањето кај Емполи од 1:4. Јосип Иличиќ и донесе на Аталанта водство од 0:2, домаќините само за момент се вратија, но гостите постигнаа уште два гола во вториот дел преку за убедлив триумф и искачување на шестото место на табелата со 14 бода.


Удинезе и Болоња одиграа без победник 1:1. Болоња поведе со Бароу во 67. минута, додека домашниот тим до бод дојде благодарение на голот на Бето постигнат на седум минути пред крајот на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот