ВИДЕО: Пандемијата и дигитализацијата – влијание врз јавниот сектор и стопанството

Матична служба во Скопје, Една точка за услуги/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нема да биде ниту брзо, ниту лесно, ниту евтино, но и македонската и црногорската влада се решителни да продолжат со дигитализацијата во јавниот сектор.

Северна Македонија клучната помош и логистиката за овие процеси ја добива од Естонија и САД. Балтичката земја е лидер во светот по нивото на дигитализација на јавните услуги. Ковид пандемијата го затвори населението и ја забрза дигитализацијата во многу сектори, поттикнувајќи ги владите во светот да бараат решенија како да ги избегнат директните контакти на граѓаните со институциите, групирањето и губењето време за услуги кои може да се завршат од удобноста на домот, со користење интернет и компјутер или мобилен телефон.

Пандемијата, како екстерен шок, силно влијаеше на процесот на дигитализацијата во Црна Гора. Здружението ИКТ Кортекс е основано од иновативната заедница со цел да биде моторот на дигиталниот развој на Црна Гора. Компаниите членки развија дигитални решенија кои би им помогнале на државните институции во спроведувањето на политики врзани за пандемијата. Освен тоа помош понудија и на остатокот од стопанството, посебно на загрозените сегменти.

Една од ретките позитивни страни на пандемијата, ако тие воопшто постојат е забрзаната дигитална трансформација на општеството. Во Одборот за дигитална трансформација во Унијата на работодавачи на Црна Гора сметаат дека и ИКТ индустријата имала бенефити зошто некои процеси навистина се забрзани.

Од друга страна, во македонскиот бизнис сектор преовладува мислењето дека досега сработеното во делот на дигитализацијата во јавниот сектор Република Северна Македонија се уште е далеку од процесите од кои граѓаните и бизнисите ќе имаат бенефит.

Соговорниците оценуваат дека дигитализацијата на јавниот сектор во Црна Гора и Северна Македонија треба да придонесе во борбата против корупцијата која постои во масивните јавни администрации на двете држави.

Текстот и видеото се направени во копродукција на „Слободен печат“ од Северна Македонија и новинската агенција МИНА од Црна Гора.

Видео на денот