ВИДЕО | Панчев: Корупцијата тешко се докажува и надвор, а во затвор уште потешко

Зафирчо Панчев, началник на сектор за криминалистички истраги
Зафирчо Панчев, началник на сектор за криминалистички истраги / Утрински брифинг

МВР изврши акција во затворот „Идризово“ при што при претресот на просториите на затворениците беа пронајдени различни недозволени предмети и средства. За време на претресот се пребарани 25 келии и необично е што МВР интервенираше. За деталите околу оваа акција во денешен Утрински брифинг разговаравме со Зафирчо Панчев, началник на сектор за криминалистички истраги во Оддел за организиран криминал на МВР.

-МВР не може самостојно да влезе во затворските установи. Управата за извршување на сакнции е задолжена да го одрува редот и условите во затворите. Но, Управата и МВР имаат потпишано Меморандум за соработка, па вчерашната акција на МВР во затворот Идризово беше по пријава на Управата, вели Панчев.

Тој објаснува дека Управата за извршување на санкции која е под Министерството за правда побара асистенција.

-Затворите во Македонија се изградени одамна, затоа тие не се со келиски систем туку со оддели во кои има по околу 100 затвореници. При самиот претрес се пронајдени ладни оружја, ножеви, телефони, а пронајдена е и дрога. Но, треба да се знае дека тоа само по себе не е кривично дело па дури ни прекршок оти со закон е регулирано дека затворениците не смеат да поседуваат такви работи, вели Панчев.

Сосема е можно Управата да нема сила да се справи со овие проблеми оти се соочува со сериозен недостаток на ресурси и кадар, вели Панчев и додава дека реформи се започнати, донесена е нова законска регулатива, условите се менуваат и е направен келиски систем.

-Поседувањето на забранети предмети е регулирано со интерни документи. Тоа што се пронајдени такви предмети е одговорност на аминистрацијата на затворите и затворската полиција и тоа треба да се преиспита. Корупцијата тешко се докажува и надвор, а во затвор уште потешко, вели Панчев.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот