ВИДЕО | Панајотов: Демонстирањето на „хајдуклук“ е мејнстримот во Бугарија, која никому не носи нешто добро

Политичката психологија во Бугарија во моментов не е спремна на ништо помалку од некој тип на садистички однос. Во таа смисла интервјуто на Заев не е ни доволно радикално од бугарска перспектива. На некој начин може да се гледа како некој тип на додворување на бугарската позиција, но ако ги гледате ставовите на Каракачанов, ова не е доволно за бугарската страна, колку и да непријатно звучи за македонската јавност, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Станимир Панајотов, постдокторант во Центарот за академски истражувања во Софија и визитинг професор во Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје.

-Во текот на транзицијата имавме разно-разни типови на национализми и популзми. Исто како што се прашувате за „феноменот“ Каракачанов во Бугарија, за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија сите во Бугарија се прашуваа како може да го имате Груевски. Значи прашањето е како е можно генерално на Балканот да се нема голем поглед на историјата. Каракачанов е одраз на историска школа во Бугарија, која за жал не може да гледа во иднината. Историјата не е нешто што треба да гледа само во минатото. Може да не ни се свиѓа Каракачанов, но за жал тоа е мејнстрим позицијата во Бугарија. И колку да е чудно и непријатно тој зборува како репрезент на бугарската политика, вели Панајотов.

-Се работи за внатрешно-политичка анксиозност која има историски корен, но најбитно е дека ветото и неговата внатрешно-политичка историја има сопствена ситуираност во конкретниот момент и тој конкретен момент е погоден за тоа вето. Во конкретниот историски момент околностите и дозволуваат на Бугарија да може дипломатски да се изживува преку ситно-колонијален тип на политика и дипломатија. Едноставно, лоша е ситуацијата за Северна Македонија, погодна е ситуацијата за такво вето, ситуацијата на ЕУ е доста лоша и Бугарија може да демонстрира „хајдуклук“, вели Панајотов и додава дека ова нема да и се исплати на Бугарија, бидејќи е осамена во своите ставови.

Целиот разговор со д-р Станимир Панајотов погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот