ВИДЕО: Палмеирас со гол во 99. минута дојде до трофејот во Копа Либертадорес

epa08976440 Roni of Palmeiras celebrates the triumph of his team, at the end of the match between Palmeiras and Santos for the final of the Copa Libertadores, at the Maracana stadium in Rio de Janeiro, Brazil 30 January 2021. EPA-EFE/Ricardo Moraes / POOL

Фудбалерите на Палмеимас се нови шампиони во Јужна Америка откако во финалето на Копа Либертадорес го совладаа Сантос со гол во деветтата минута од судиското продолжение.


Иако речиси се беше подготвено за продолженија од по 15. минути, на сцена стапи резервистот Брено кој со глава ја заби топката под пречката и на својот тим му ја донесе втората титула во Копа Либертадорес во клупската историја.

Брено го постигнува голот за Палмеирас/EPA-EFE/Ricardo Moraes / POOL

Натпреварот кој се играше на славната „Маракана“ во Рио де Жанеиро не навестуваше дека Палмеирас по пауза од 21 година повторно ќе триумфира во Копа Либертадорес бидејќи се до голот на Брено во 99. минута, тие не упатија ниту еден шут кон голот на Сантос. Но, ниту Сантос не брилјираше бидејќи упати само два шута преку Питука и Жорге, пред да доживее шок кога прими гол во судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот