ВИДЕО: Палестинците ги напуштаат населбите во близина на Појасот Газа поради израелските напади

epa09197811 Palestinians inspect a destroyed street after an Israeli strike in Gaza City, 13 May 2021. In response to days of violent confrontations between Israeli security forces and Palestinians in Jerusalem, various Palestinian militants factions in Gaza launched rocket attacks since 10 May that killed at least six Israelis to date. Gaza Strip's health ministry said that at least 65 Palestinians, including 13 children, were killed in the recent retaliatory Israeli airstrikes. Hamas confirmed the death of Bassem Issa, its Gaza City commander, during an airstrike. EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестинците кои живеат покрај северната и источната граница на Појасот Газа почнале денеска да ги напуштаат своите домови поради жестоките израелски бомбардирања.

Палестинските семејства настојуваат да се заштитат во времени засолништа во Појасот Газа додека траат артилериските напади во северниот дел на Газа со цел да се уништи мрежата на тунели кои ги ископале екстремистите.

Тие напади би можеле да претходат на потенцијална копнена операција.

ВИДЕО | Андоновиќ: Израел и Палестина – Tешко обединување, уште потешка поделба

Семејствата заминувале со камиони и пеш до училиштата со кои раковадат ОН, носејќи со себе цела покуќнина.

Во воениот извештај е наведено дека 160 авиони симултано извршиле синоќа напади врз тунелите ископани под Појасот Газа и тоа е најголемиот удар од почетокот на судирите во понеделникот.

Видео на денот