ВИДЕО: Паднати фасадни цигли, искршени прозорци – градското Собрание во хаос, Вучиќ пристигна во Нови Сад и се закани со казни

фото: Принтскрин/ТВ Пинк

Пред градското Собрание во Нови Сад тензиите паднаа – маскираните лица си заминаа, граѓаните кои учествуваа на протестот се повлекоа. Во дворот на институцијата има паднати фасадни цигли, метални шипки со кои маскираните удираа по ѕидовите од зградата, стакло од искршените прозорци, црвена боја – ова останува да сведочи за хаосот кој се случи.

Протестот беше организиран од граѓаните кои покажуваа револт за трагедијата што одзеде 14 животи на железничката станица во Нови Сад, но ситуацијата стана алармантна кога маскирани лица се обидоа да упаднат во зградата, фрлаа петарди, факели, бомби – се судрија со полицијата која користеше солзавец.

Погледнете го видеото на овој линк. 

Претходно, претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето обраќање порача дека секој кој учествувал на протестот ќе биде казнет. Тој на овие демонстрации им даде политички предзнак, бидејќи учествувале како што рече „политички неистомисленици“.

Како што известуваат српските медиуми во живо од местото на настанот, сега пристигна Вучиќ.

„Не знам дали ме слушате, застанете малку, голема трагедија ја снајде нашата земја.

Запалив свеќа пред малку на Нови Сад Железничката станица. Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните и тоа ќе го направиме и никој нема да се извлече ако направил некаква грешка.

Сакам да им се заблагодарам на двајцата прекрасни луѓе кои се грижеа за нашите простории. Не се плашеа од глутницата, ги имаа рацете зад грб, беше јасно дека нема да употребат сила.

Но, тоа не им беше доволно. Ни го згазија знамето и го уништија Градското собрание. Сето она што тие го градат со векови во нашиот прекрасен град“, рече Вучиќ.

 

Граѓаните бараат правда, маскирани лица фрлаа петарди: Вучиќ протестите ги нарече грозоморни и им даде политички предзнак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот