ВИДЕО | Падна авион во Русија, пет лица загинаа, ангажирани се 47 спасувачи

Падна авион во Русија, пет лица загинаа/ Фото: Твитер

Најмалку пет лица загинаа кога руски транспортен авион Ан-12, кој летал од Јакутск за Иркутск, се урна во Сибир, објави Спутник.

– На местото на несреќата се пронајдени тела на четири лица и делови од телото на уште еден патник – изјави портпаролот на Министерството за вонредни состојби.

Авионот исчезна од радар денеска околу 14 часот и 50 минути по локално време. Официјални лица соопштија дека во авионот имало седум лица, пет членови на екипажот и двајца патници.

Набрзо беше објавено дека е забележана руина во пламенот во областа Иркутск, во шума недалеку од аеродромот.

Во меѓувреме, се појавија снимки на кои се гледа како пожарникарите се обидуваат да се справат со пожарот што предизвика авионска несреќа. Се обидуваат да го локализираат пожарот кој се проширил на околните дрвја, а горивото од авионот е расфрлано на 300 метри квадратни.

Најмалку 47 лица и 17 возила беа ангажирани во спасувањето на луѓето и гаснењето на пожарот.

Засега не е позната причината за падот на авионот, но се шпекулира дека се работи за дефект на леталото, а не е исклучено падот да се случил поради лошите временски услови.

Се верува дека леталото е во сопственост на белоруската компанија „Гродно“. Од компанијата потврдија дека летаат за Русија, но дека ќе проверат дали станува збор за некој нивен авион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот