ВИДЕО | Оваа мачка толку многу сака да се гали што им прави проблеми на ветеринарите

мачка
Фото: Принтскрин/Редит

Мачките, особено оние кои се научени на луѓе, обожаваат да се галат и со задоволство ќе се испружат пред секој само да покажат колку се питоми и дека им е потребно внимание.

Но, во видеото објавено на „Редит“ насловено „Многу пријателски расположена мачка“ се гледа една мачка која е толку опуштена пред луѓе, дури и пред оние што не ги познава, што му создала „мал проблем“ на ветеринарот.

Имено, мачката морала да стои за да може ветеринарот да ја прегледа. Но, секогаш кога сопственикот ќе ја исправи, мачката едноставно повтнорно легнува и бара да ја галат.

„Каде можам да најдам толку забавна мачка?“, „Човекот многу ја разгалил оваа мачка“, „Престанете да ме лекувате, само сакајте ме!“, се дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот