ВИДЕО | „Ова е најлошиот ден во мојот живот“: Карлеуша оди боса низ поплавените улици во Белград

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Силното невреме што го зафати Белград предизвика целосен колапс во сообраќајот – но и поплави низ градот. Низ поплавените улици во главниот град на Србија се заглави и пејачката Јелена Карлеуша.

Карлеуша доцна синоќа на својот инстаграм – профил објави неколку видеа на кои се гледа дека не може сама да помине улицата, бидејќи насекаде околу неа има вода.

„Ова е најлошиот ден во мојот живот“, вели Карлеуша во едно од видеата.

„Не можам да го запалам џипот. Па знаеш“, може да се слушне како вели пејачката во едно од видеата.

Таа вчера на својот инстаграм – профил објави дека по четиринаесет години брак се разведува од својот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

Фотографијата која пејачката првично ја објави на социјалните мрежи, а која служеше како официјална изјава е отстранета.

Јелена Карлеуша и Душко се разведуваат: Кому ќе му припадне старателството над децата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот