ВИДЕО | „Ова е морничаво“: Ким Кардашијан покажа како го украсила домот за Ноќта на вештерките

Ким Кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

Познатата телевизиска личност Ким Кардашијан објави снимка со која покажа како го уредила својот дом по повод празникот Ноќ на вештерките.

„Би сакала да ви покажам како го украсив мојот дом за Ноќта на вештерките. Одлучив темата да биде ‘костури’“, сподели таа.

На почетокот од снимката, Кардашијан ги покажа големите дрва со украси од коски и черепи. Исто така, таа ги покажа и морничавите скулптури на луѓе кои изгледаат како да палат оган, но и скулптурите на бели раце кои „излегуваат“ од земјата.

Во внатрешниот дел од куќата, ѕвездата на реалните шоуа поставила украси во форма на пајажина.

„Ова е навистина морничаво“, додаде таа, покажувајќи ги лажните мумии низ нејзиниот дом.

Како и сите нејзини објави на Инстаграм, така и оваа снимка го привлече вниманието на нејзините следбеници. Дел од нив се фасцинирани од нејзината креативност, а дел од нив велат дека не би се осмелиле да спијат во нејзината куќа покрај такви морничави украси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Падот на Канје Вест: Од музички генијалец, до човек кому светот му го сврте грбот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот