ВИДЕО | Ова е дефинитивно нејзина година: Младата Лара Иванова со нов хит – „Осамена“

Дуле Дамјановски
Дуле Дамјановски

Нема сомнежи дека оваа 2021 година е година на младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, дефитивно таа ги освои симпатиите на публиката.

Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите.

Фотографија: Дејан Димески
Фотографија: Дуле Дамјановски

Но, Лара не губеше многу време за нејзината следна песна. Таа вчеравечер на социјалните мрежи „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Спотифај“ ја промовираше нејзината најнова песна.

„Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев – музика и аранжман, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков.

Дуле Дамјановски
Дуле Дамјановски

Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка.

Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни „Некогаш ќе помине“ и „Кој е сега крив“ кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки – вели младата Лара.

Инаку режисер на овој видеоспот е Владимир Митревски – Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, а идејата за истиот била заедничка.

Спотот за „Осамена“ е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен, истакнала Лара.

Инаку Лара не планира да го намали темпото на работа, напротив, таа со својот тим веќе работи на идните проекти. Со други зборови, во иднина очекувајте само квалитетна музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот