ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

epa08136268 A girl skates on a skating rink with artificial ice at the observation deck in front of the business center Moscow City in Moscow, Russia, 17 January 2019. The temperature in Moscow amounted to plus 4.4 degrees, which exceeds the record of 95 years ago. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Едно од најголемите лизгалишта во Европа е отворено во Москва и покрај брзото ширење на коронавирусот во Русија, објави денеска новинската агенција DPA.

Лизгалиштето од 20.000 квадратни метри е отворено, но со одредени ограничувања поради ковид-19.

Следните недели, жителите на Москва ќе можат да лизгаат во многу други паркови во градот, но со нови правила: ќе се мери нивната температура пред да влезат во лизгалиштето и оние имаат температура нема да можат да влезат, а ќе биде задолжително и да носат заштитна маска.

Москва воведе други нови мерки на лизгалиштето за да спречи ширење на вирусот, вклучително и продажба на билети преку Интернет и ограничување на бројот на лизгачи.

Руските власти пријавија 26.338 нови случаи на коронавирус во понеделникот, од кои 6.511 во Москва и 3.691 во Санкт Петербург.

Вкупниот број на случаи во Русија од почетокот на пандемијата се искачи на 2.295.654.

Во последните 24 часа од ефектите на ковид-19 починале 368 лица, а според официјалните податоци досега починале вкупно 39.895 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот