Фото: ЦУК

ВИДЕО | Отворена шахта близу ТЦ Скопјанка, Ангелов апелира до надлежните за итно преземање соодветни мерки

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов апелира до ЈП Водовод и канализација – Скопје за итно преземање на соодветни мерки во врска со отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка, која претставува опасност и ризик од загрозување на безбедното движење на граѓаните.

Ангелов минатата недела информираше за пријава од граѓани за две отворени шахти во општина Аеродром – едната спроти ТЦ Скопјанка, а другата веднаш после подземен премин, на булеварот  „Кузман Јосифовски Питу“, зграда бр. 28 (пред „Спортлајф“).

– ЦУК веднаш по пријавата ги извести ЈП Водовод и канализација на Град Скопје од каде добивме одговор дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради. Бидејќи местото на кое се наоѓа отворената шахта е доста фреквентно, а во вечерните часови видливоста е значително намалена, повикуваме на итно санирање и решавање на овој проблем – велат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот