ВИДЕО | Отворена можност за македонските средни училишта преку РИКО да разменуваат ученици со државите од Западен Балкан

Владимир Ѓорѓиевски / Утрински брифинг

Размена на ученици од училиштата од Западен Балкан. Градење на капацитетите на училиштата да работат на младински размени. Во Утрински брифинг разговаравме со директорот на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), Владимир Ѓорѓиевски.

-До сега ова е најголем проект што РИКО го има имплементирано. Ова ќе се имплементира во „Западен Балкан 6“ и проектот супер училишта е проект за младинска размена помеѓу шесте држави – Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово и овој проект ќе поддржува размена на ученици од средните училишта, вели Ѓорѓиевски.

-Проектот ќе поддржува размени помеѓу две училишта. До 28.10 е отворен проектот. Многу едноставна е апликацијата за пријавување, на суперскулс.нет треба училиштето да се пријави, да креира свој профил и со едноставна постапка веднаш ќе биде прифатена од наша страна.

-Оставаме училиштата да бидат креативни и да се избегнат бирократските процедури, додава Ѓорѓиевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот