Видео | Отворен „Зимзоленд“, на скопјани им донесе забава и новогодишна магија

Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Стотици граѓани вчеравечер се забавуваа и уживаа во предновогодишната атмосфера на отворањето на „Зимзоленд“ што се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром.

„Зимзоленд“ ќе трае до 19 јануари, а организаторите најавуваат повеќе музички настани за сите возрасти, „свирки“ во живо, настапи на диџеи и тематски вечери како што се латино хип-хоп вечери за љубителите на динамични ритми и македонски народни вечери. Ќе има и караоке шоу.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Но, она што е најпривлечно за скопјани во овој период секако е лизгалиштето, но и забавниот парк со неколку адреналински реквизити, а поставени се и новогодишни куќарки каде што можат да се купат различни производи и традиционалните јадења, од слатки и колачиња, до рачни изработки и уникатни новогодишни украси, но и греано вино и ракија.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Нашата цел е да создадеме празнична атмосфера што ќе ги обедини сите генерации, преку импресивни декорации, светлосни шоу програми и разнобојни активности, богата музичка програма, забавен луна-парк, артисти и аниматори и театарски престави кои ќе создадат мини населба претворена во вистинска зимска бајка. „Зимзоленд“ е настан каде ќе се сретнат традицијата и современите трендови за да се создаде уникатна новогодишна атмосфера која ќе ги освежи срцата на сите посетители и ќе ги потсети на убавината на празничниот дух – најавија организаторите, Здружение за организирање на настани „Зимзоленд“ од Скопје, пред отворањето.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Колку им недостасуваат на граѓаните вакви убави празнични моменти и новогодишна атмосфера, особено што Град Скопје засега не им нуди ништо, говорат фотографииите и видеото кои ги направи нашиот фоторепортер Методи Здравев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот