ВИДЕО | „Отворен Балкан“ три дена потоа: Цеца и Драгана ечат на албанските плажи

Фото: EPA-EFE/Facebook/Instagram

Со песните на Цеца, Драгана Мирковиќ и другите српски турбофолкери, туристи се забавуваат на албанската плажа, поточно во заливот Лалзи, 30 километри северно од Драч.

“На албанските плажи се слуша српската турбо-фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ, а видеото од таму го испрати наш читател”, стои во објавата на косовска „Газета Експрес“, пренесува „Слободен печат“.

И претходно, српска музика се слушаше на албанските плажи, со оглед на се поголемиот број на српски туристи кои ги освојуваат албанските летувалишта. Не е познато само дали музиката во албанските локали се пушта на барање на гостите или по иницијатива на вработените за да привлечат повеќе гости, пишува порталот.

Поради ковид пандемијата минатото и ова лето Албанија стана привлечна дестинација за српските туристи кои претходно летуваа најчесто во Грција, но поради поригорозните мерки од грчка страна, а полабавите во Албанија, тие ја преферираат ова за нив, нова атрактивна алтернатива.

Во четвртокот српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и домаќинот, премиерот Зоран Заев, во рамки на Економскиот форум во Скопје го зајакнаа регионалното поврзување преку иницијативата „Отворен Балкан“, дотогаш позната како „Мини Шенген“.

Тие потпишаа три меморандуми: за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан, за слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан и Договор за соработка за заштита од катастрофи на Западен Балкан и се очекува до 2023 година да се овозможи целосно ослободен прекуграничен проток на граѓаните од трите земји.

Духот на соработката, разбирање и взаемно почитување веќе функционира на албанското приморје:

Видео: Газета Експрес/Косово

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот