ВИДЕО | Откритие на векот во Јужна Америка: Археолозите случајно налетале на еден од најголемите градови на цивилизацијата на Маите

Калакмул / Фото: Jürgen Schwenkenbecher / DPA / Profimedia

Огромен град на цивилизацијата на Маите е откриен во џунглите во Мексико од страна на Лук Олд-Томас, докторант на Универзитетот Тулејн во САД. Станува збор за комплекс составен од пирамиди, спортски терени, патишта и амфитеатри, кои археолозите го нарекле Валеријана, а кој низ вековите прераснал во густа вегетација.

Се смета дека е еден од најголемите градови на Маите, од кои само Калакмул бил понаселен.

Интересно е што откритието е направено благодарение на еден од членовите на тимот, кој ги анализирал мапите на Интернет.

„Бев на околу 16. страница од пребарувањето на Гугл и открив ласерско истражување, направено од мексиканска организација за мониторинг на животната средина“, објаснува Олд-Томас за Би-би-си, кој е најзаслужен за откритието.

Споменатото истражување ја вклучува Лидар, иновативна техника за ласерско скенирање на земјата, а на снимките археологот забележал што пропуштиле другите експерти – контури на антички град во кој живееле меѓу 30 и 50 илјади луѓе на врвот на неговиот развој помеѓу 750 и 850 г. Тоа е повеќе од бројот на луѓе кои го населуваат целиот тој регион денес, велат истражувачите.

Олд-Томас и неговите колеги го нарекле градот Валеријана, по блиската лагуна.

Фото: Би-би-си/Преработка „Слободен печат“

Откритието би можело да го промени „мислењето на западњаците дека цивилизациите оделе во тропските предели за да умрат“, вели професорот Марсело Кануто, еден од авторите на истражувањето. Наместо тоа, тоа е дел од светот со богата и сложена култура, објаснува тој.

Не можеме да бидеме сигурни што довело до падот и конечното напуштање на градот, но археолозите велат дека климатските промени веројатно биле важен фактор.

Валеријана ги имаше „сите карактеристики на главен град“ и во однос на густо распоредените згради можеше да се спореди само со Калакмул, кој се наоѓа на околу 100 километри. Интересно е што местото е на само 15 минути пешачење од главниот пат кој води до Спухил, место населено главно со Маите.

Нема познати слики од изгубениот град, бидејќи „никој никогаш не бил таму“, велат истражувачите, иако локалното население веројатно имало некои сомневања дека остатоците од зградите лежат под могилите.

Градот, кој зафаќал околу 16,6 квадратни километри, имал два големи плоштади со пирамидални храмови и поле за играње игри со топка, а биле изброени вкупно 6.764 згради.

Претходните истражувања покажуваат дека цивилизацијата на Маите пропаднала по 800 година, делумно поради пренаселеноста, а делумно поради климатските промени.

„Се чини дека теренот беше преполн со луѓе, што во услови на суша не им давало многу простор за маневрирање. Можеби целиот систем пропаднал и луѓето решиле да се преселат некаде подалеку“, вели Олд-Томас.

Последниот удар на цивилизацијата го задале шпанските освојувачи во 16. век, по што престанале да постојат големите градови на Маите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот