ВИДЕО | Откако Лавров го извиси, Вучиќ учи германски: Од говорот на Меркел научил неколку фрази

Ангела Меркел и Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил објави видео снимка во која го слуша говорот на германската канцеларка Ангела Меркел и така учи германски јазик.

Вучиќ во таа прилика се обрати на сите кои сакаат да научат германски.

Ангела Меркел… Сите во Европа ја слушаат со внимание, и јас секако…“, го започна Вучиќ своето обраќање во видео објавата.

„Но овој пат го искористив нејзиниот говор за сопствените потреби, односно учев германски. Научив неколку важни изреки кои се однесуваат на борбата против коронавирусот. На сите почетници, како што сум и јас, им препорачувам да ги користат нејзините зборови и фрази и така добро да го совладаат германскиот јазик“, рече Вучиќ и потоа продолжи на германски.

 

View this post on Instagram

 

Nemački. Hvala mnogo na vašoj pažnji!

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) on

“Vielen Dank für ihre Aufmerksamkeit!” (Фала многу на вашето внимание)

Германската канцеларка во аудио снимката зборувала за германскиот одговор на пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот