ВИДЕО: Остварувајќи брзина од 255,5 км/ч, Французинот Симон Били го собори светскиот рекорд во брзо скијање

На патеката Вар на Алпите Французинот постигна досега незабележана брзина и го собори рекордот на Италијанецот Оригоне (254.958 км/ч)
Францускиот скијач Симон Били го особори светскиот рекорд во брзо скијање постигнувајќи брзина од 255,5 километри на час.
Рекордот Били го постигна на натпревар во Вар, на Алпите во Франција. Претходниот рекорд го имаше Италијанецот Иван Оригоне (254.958 км/ч).
Патеката Шабриер се наоѓа на 2.715 метри надморска височина, на падината која на места достигнува речиси вертикална стрмнина.
Французин (36) на тој начин го урна рекордот што во 2016 година го постави Италијанецот Иван Оригоне, кој „леташе“ со 254.958 км/ч.
𝟐𝟓𝟓,𝟓𝟎𝟎 𝐤𝐦/𝐡. Le skieur le plus rapide de la planète est français, et il s'appelle Simon Billy 🇫🇷 #ChaletClub pic.twitter.com/BHWUTAMjEK
— Eurosport France (@Eurosport_FR) March 22, 2023
Меѓу претходните носители на овој светски рекорд е и Филип Били, таткото на Симон кој во 1997 година постигна 243.902 км/ч.
Били тренира уште од мали нозе на патеката Шабриер, единствена во светот призната за постигнување брзински рекорди во скијање. Скијачите можат да достигнат 200 километри на час за помалку од 6 секунди.
Сајмон Били со ова ја освои својата втора титула светски шампион во брзо скијање.