23 C
Скопје

ВИДЕО | Останаа крвави траги: Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“

Пациент утрово во 7.20 часот си го одзеде животот со скок од прозорец на првиот кат на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде се лекувал од ковид-19.

На платото пред Инфективното одделение каде се примаат пациенти заболени од ковид, утрово по трагичниот настан останаа крвави траги кои сведочат за трагедијата.

Случајот го потврди МВР од каде соопштуваат дека се работи за пациент на 70-годишна возраст и персоналот од болницата го пријавил случајот како самоубиство. Тој бил хоспитализиран во болницата на 5ти февруари.

Засега нема повеќе детали за случајот, ниту каква била состојбата на пациентот.

Поврзани вести

Музичкото радио Канал 103 порачува: Не ја убивајте 103-ка, повторно!

Ивана Тасев

Повреден мотоциклист во сообраќајка во Ѓорче Петров

Второстепена комисија ќе разгледува зошто пациент кој е кислородно зависен со ковид добил само три дена боледување

Мирослава Бурнс

Грција и новата енергија: Гасот е „мостот“ кон новиот енергетски свет

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Маја Велкова, убавото лице на градот: Можеби бев единствената жена со посебни потреби која менаџираше салон

Мими Стојановска

Остави Коментар