ВИДЕО | Осмо издание на фестивалот Скопје синема сити, Ник Кејв со награда за животно дело

Утрински брифинг на Слободен печат

Со изложба на фотографии на белградскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ ќе почне осмото издание на фестивалот за музички филмови „Скопје синема сити“. Отворањето ќе одржи на 29 јуни, во галеријата на Културно-информативниот центар во Скопје, а фестивалот ќе се одржува во летното кино на Кинотеката и ќе трае до 5 јули.

„Наградата што доделуваме е симболична, од обожавателите за уметникот. Што се однесува до овој фестивал кој се занимава со музички документарни филмови, долг е патот од идеја, концепт до реализација. Најважен е контактот со дистрибутерите, потоа комуникацијата со овдешните институции како поддршка за се реализираат тие идеи“, вели за Утрински брифинг музичкиот новинар и критичар Ненад Георгиевски.

Многу настани и фестивали се одржуваат во јуни, надвор од своите редовни термини како резултат на одложувањата предизвикани од оандемијата. „Скопје синема сити“ редовно се одржува во летниот период.

„Фестивалот е дел од нашата културна мапа за овој месец, еве веќе осма година и тие проекции на музичките филмови на отворено ов летното кино „Мирно лето“ на Кинотека се еден симпатичен начин да се проследи тој специфичен и интересен формат на музички документарен филм, а ова издание е подигнато на едно повисоко ниво“, вели Ана Василевска, новинарка и филмска критичарка.

.Фестивалот за музички документарни филмови, „Скопје синема сити“ ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20.000 дена на Земјата“, во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30 јуни. По филмот ќе следува и разговор со фотографот Немања Ѓорѓевиќ.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот