ВИДЕО | Османи: Во правото на самоопределување сме најсилни – ако бугарската заедница се чувствува запоставено треба да ги добие своите права

Бујар Османи министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

За министерот за надворешни работи Бујар Османи може да се каже дека е ветеран во преговорите со Бугарија па во гостувањето на Утрински Брифинг и сумираше впечатоците од средбите со бугарските претставници во Скопје и Софија и зборуваше за натамошниот тек на преговорите меѓу двете земји.

-Довербата реално беше срушена во овие процеси, а овие се таков вид на прашања поврзани со емоции и затоа пристапот на овие две нови политички влади, беше тоа да се создаде платформа, структура, скелет на зачестени средби, интензивирана комуникација, конкретни продукти кои прво ќе ја вратат личната комуникација и доверба меѓу актерите во процесот меѓутоа и довербата помеѓу граѓаните и државите и веќе на таа рамка, таа платформа да се адресираат прашањата кои очигледно се сензитивни и болни и тешки. Сметајќи дека во еден таков амбиент ќе можеме полесно двете страни да се разбираме еден со друг и така полесно да ги надминуваме почести средби и на таа платформа да се гради довербата и полесно да ги надминеме проблемите меѓу двете земји, рече министерот Османи во гостувањето во Утрински брифинг.

Од друга страна во Бугарија дел од опозициските партии се обидуваат да направат пречки.

-Во време на посетата, имавме ГЕРБ и ДПС, а се видовме и со коалициските партнери во владата на Петков. Се видовме и со претседателот Радев кој е значен актер во целиот процес. За жал не можеме многу да влијаеме како се одвиваат тие односи таму. Можеме да комуницираме, да ја следиме таа динамика таму да се поставиме соодветно, но имам чувство дека премиерот Петков се обидува овој процес да го направи инклузивен, да се вклучат сите кои утре ќе можат да одлучуваат во овој процес и тоа ми дава надеж дека ова е посериозне и посуштински пристап и затоа сакам да инвестирам во овој процес, рече Османи.

На прашањето што ќе се случи со целиот процес ако во март кога ќе излезат податоците од пописот и се испостави дека има многу малку Бугари во Северна Македонија, Османи одговори:

-Работната група за политичките прашања имаше два состаници. И политичките прашања почнаа да се адресираат интензивно и имаме календар на активност, средби итн за да го заокружиме тоа што сме го почнале уште во 2017. Важно е ова поместување на наративот. Имаше политички партии и поединци кои ги наметнуваа тезите од типот „еден народ две држави“, наметнување како апсолутна вистина во еден наратив кој би го формулирал како – право на самоопредување во согласност со уставното уредување на земјите. И важен е секој збор во оваа формулација. Се сведува на правото на самоопределување, нешто во што сме ние сме најсилни, што е наш терен, во што сме најдобри. Мислам дека се потценува овој шифт на наративот. Пред само една година поранешен министер за одбрана не прифаќаше македонско малцинство во Бугарија зошто сметаше дека е спротивно на бугарските државни интереси. Ова сега е важен процес во тоа идентитетско заокружување и сметам дека ова поместување во ставовите треба да се искористи, рече Османи додавајќи дека бугарската заедница во Северна Македонија независно „колку се толку се, колку и да е мала заедница, мала група, доколку се чувствува запоставено во овој процес на матурирање на државата треба да ги добие своите права“.

– Ова е придобивка од Рамковниот договор. Тоа што сме го постигнале, не сме свесни. Проширување на таа рамка и тие инструменти за заштита и за интеграција со уште една заедница, различна од мнозинството, тоа ќе ја направи државата посилна, граѓаните поспокојни, а билатералните односи меѓу двете држави подобри, нагласи Османи.

Во однос на постојаните поплаки на Бугарите од Македонија во тамошните медиуми и пред политичарите, Османи рече дека планира средба со претставникот Петар Колев од Граѓанско – демократската унија. Радев ги прима македонските Бугари, а еве сега Пендаровски ќе разговара со претставници на македонското малцинство во Бугарија.

-За тоа се виновни двете страни. Нашите државјани треба да комуницираат со Скопје. Нас ни треба деескалација на односите, а не ескалација. Слични беа предрасудите со Рамковниот договор и тоа е нормален процес на соочување со нешто ново. Луѓето имаат исти маки без разлика од која заедница се. Етничката енергија е реалносот, таа не се губи, само се трансформира од еден вид во друг како и енергијата во физиката. Тоа е такво правило Ако не ја канализирате институционално, ќе ви се канализира параинституционално. Адресатот на сите нивни прашања да им биде Скопје, а не Софија или било кој друг главен град. Затоа постојат механизми во оваа држава и еве зборуваме за дополнително формализирање на тој процес Бугарија ќе ги искористи инструмитените во текот на преговирите за малцински права како Конпенхагеншките критемирумите во фундаменталниот процес во преговарачката рамка. Подобро е ние да го отвориме отколку да ни се наметне, дециден е Османи.

Целото интервју погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот