ВИДЕО | Османи: Односите со САД се издвоени од односите со ЕУ – поддршката од САД е клучна, а ЕУ нема алтернатива

Бујар Османи министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во Липково се промовираше кула споменик на жртвите на УЧК, градоначалникот на Куманово исто така најави споменик но за жртвите од УЧК, а Тодор Петров гради крст од 60 метра.

-Тоа не треба да се земе како натпревар туку како нешто што нѐ доведе до оваа ситуација. Ова треба да се гледа како мост за спојување на луѓето, без навреда кон кого било, туку само треба да се почитуваат жртвите, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.

ВМРО-ДПМНЕ најавуваат протести и блокирање на Парламентот. Османи вели дека тоа е деструктивно, а на социјалните медиуми повеќе се зборува за споменик направен од пари на граѓаните, а помалку за овој процес од кој ќе страдаат сите граѓани на Македонија.

-Владата е единствена и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите. Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат појасно од многу политичари, вели Бујар Османи за Утрински брифинг.

Османи вели дека ново во надворешната политика е стратешкиот договор со САД, а со ЕУ продолжуваат разговори на паралелни текови оти нашата цел е да создадеме европска и функционална држава. Сепак, вели Османи, мора да добиеме одговор од ЕУ што понатаму.

-Овие два месеца треба да се вложиме оти ова е една од последните шанси да ги надминеме разликите со Бугарија и да ги започнеме европските процеси, вели Османи.

Османи вели дека не е само поради поддршката од јавноста. Ние нема да најдеме друга алтернатива на ЕУ, но ова малтретирање на граѓаните не смее да продолжи, коментира Османи.

Како резултат на тогашниот самит во Букурешт во 2008, кога Македонија не беше примена во НАТО, тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш иницираше и се потпиша изјава за стратешко партнерство со САД за потврда на добрите меѓусебни односи. Такви договори за каков што се сега се разговара со Стејт департментот е ексклузивен и таков договор имаат само неколку земји, меѓу кои и Израел.

-Јас инсистирав да се потпише договор за стратешко партнерство со САД. Тоа се однесува на многу области на соработка и имплементација на договоренот и ќе се покренат нови инцијативи за енергетиката, политичките процеси, одбраната и така натаму, вели Османи. Американско македонските односи не може да се компензираат со ништо. Не треба да се ставаат во релација со ЕУ. Какви и да се нашите односи со ЕУ, нашиот стратешки дијалог со САД, преку Стејт департментот, продолжува и се развива. На 2 јуни заминува делегација од МНР која ќе ги започне преговорите за стратешкиот договор со САД.

За Анкара никогаш не била во игра Теута Арифи и тоа е шпекулација, исто како што никогаш не била спомената за амбасадор во Вашингтон, коментира министерот за надворешшни работи.

-Се споменуваат имиња во јавноста, но никогаш во Влада не се зборувало за тие луѓе. Внатре во државата и со кандидатот Арифи не се постигна согласност за нејзино заминување во Брисел. ЕУ процедурата на молчење е ако неколку месеци нема реакција тоа значи позитивен исход. Именувањето амбасадори секогаш будело интерес во јавноста и кај дипломатите во МНР. Арифи не е кандидат за Брисел. Агнеза Руси Поповска сѐ уште има амбасадорски мандат, а потоа ќе замине во Софија од каде е добиен агреман, вели Османи за Утрински брифинг.

Османи вели дека Македонија жестоко ги осуди нападите од Русија врз Украина, а МНР испрати допис до општините да не учествуваат во настаните што ги организира Руската амбасада по повод 9 мај.

-Она што се случува во Украина, во Буча, тоа е без преседан. Тука нема сива зона – или си за или си против. Ние нмаме дилеми која позиција треба да ја заземе нашата држава, вели Османи.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот