ВИДЕО: Осимен го тужи Наполи поради невидена глупост

фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Виктор Осимен, човекот кој со своите голови по 33 години му ја донесе шампионската титула на Наполи, се најде во центарот на неверојатен скандал.

Нигерискиот фудбалер реши да го тужи Наполи поради скандалозна објава на официјалниот клупски профил на Тикток.

Имено, актуелниот шампион на Италија објави видео во кое го исмеваат соиграчот на Елиф Елмас поради начинот на кој побара да го изведе пеналот и неговото промашување од белата точка на натпреварот против Болоња.

Видеото брзо стана вирално. Наполи подоцна го избриша, но тоа не ја намали штетата што ја направија. Поради понижувањето кое го доживеа, Осимен реши да го тужи својот клуб.

„Она што беше објавено на официјалниот ТикТок профил на Наполи е неприфатливо. Клубот на Виктор јавно го исмејуваше својот играч. Фактот што видеото подоцна беше избришано не го намалува фактот дека тие му нанесоа голема штета на играчот кој во последно време доволно страдаше поради третманот од медиумите и лажните вести. Го задржуваме правото да ги преземеме сите чекори за заштита на Виктор, вклучително и тужба – изјави агентот на Осимен, Роберто Календа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот