ВИДЕО: Осака со трофејот во Мелбурн, Јапонката како Моника Селеш!

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Денеска во женското финале на грен слем турнирот „Австралија опен“ Наоми Осака со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:3 ја совлада Американката Џенифер Брејди.

Така, јапонската тенисерка стигна до четвртата титула на грен слемовите во исто толку одиграни финалиња. Пред Осака, уште една легендарна тенисерка успеа во својата кариера да стигне до четири титули после четири одиграни финални мечеви, Моника Селеш.

Брејди имаше лош сервис, во текот на мечот кај нејзе владееше нервоза и на крајот го загуби првото грен слем финале во кариерата.

Кога е во прашање првиот сет Осака во четвртиот гем стигна до брејк, Брејди во наредниот возврати, а во 10 гем двете тенисерки го чуваа својот сервис. Во 10 гем Брејди прави две грешки и Осака го освои првиот сет.

Во вториот сет Осака двапати направи брејк за водство од 4:0, потоа Брејди врати еден брејк и внесе барем малку неизвеност во мечот, но ништо повеќе од тоа.

До крајот Осака ја задржа позитивата и стигна до вториот нејзин трофеј во Мелбурн. Претходно беше најдобра во 2019 година, а во 2018 и 2020 година беше најдобра на „УС Опен“. Исто така Јапонката е една од 12 тенисерки во оваа ера која на еден грен слем турнир има барем две титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот