ВИДЕО | Орландо Блум се распеал во паб за Свети Патрик

Фото: Принтскрин - Инстаграм / Твитер

Холивудската ѕвезда Орландо Блум успеа да ги изненади сите гости во еден паб во Велика Британија. Актерот бил на прославата на Денот на Свети Патрик, а потоа ги изненадил сите присутни кога испеал многу тешка ирска песна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Орландо Блум дошол лежерно, а потоа го зел микрофонот и на интересен начин со својот препознатлив глас ја извел ирската песна „She Moved Through the Fair“.

Популарниот актер е роден и израснат во Кент, Англија, а сега дошол во родната земја. Актерот дошол во родната Англија по повод смртта на пријателот на татко му Крег МекЕвој, кој му бил како втор татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

„Ова не го зборува пивото во мене – Орландо Блум штотуку почна да пее песна во пабот во кој сум“, напиша Крист Старк, радио водител од „Capital FM“.

Неговата изведба изненади многу корисници на Твитер, кои во коментари пишуваат дека се воодушевени од актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот