ВИДЕО: Орканските ветрови ја срушија и статуата на богот земјотресец

Орканските ветрови кои денес предизвикаа страшна бура на Јадранот и за кои се верува дека го најавија катастрофалниот земјотрес во Хрватска предизвикаа хаос и на албанскиот брег.

Невреме во Хрватска: Оркански ветрови во Далмација, бранови и до шест метри во Сплит

На централното шеталиште во Драч, Таулантија, силниот ветер ја сруши статуата на богот на морињата, Родон.

ВИДЕО I Тлото не се смирува: Уште еден земјотрес ја тресеше Италија, во Хрватска расте бројот на жртвите

Пристаништето во Драч вчера попладне објави запирање на патувањата за 48 часа. Траектите ги откажаа патувањата од двете страни на Јадранот. Додека бродовите со мал товар и траектите веќе 3 дена се укотвени во пристаништата.

Родон според илирската митологија бил бог на морето, исто како и Посејдон кај Грците или Нептун за време на Римјаните.

Богот на морето го носи и епитетот „гајеохос“ или земјотресец, бидејќи неговото оружје, тризабецот,  било толку моќно што при удар предизвикувало земјотреси, бродоломи, одрони на карпи, поплави и бури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот