ВИДЕО | Oрданоски – Чомoвски: Ветено – (не)исполнето за 100 дена влада

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев на прес-конференција, заедно со министри во неговата Влада, даде отчет за првите 100 дена од новиот мандат. Според Заев во првите 100 дена Владата била тука со и за граѓаните целосно посветена на грижа, одговорност и на сигурност, Влада која го успешно го води веќе трасираниот реформскиот процес. Од друга страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека ова се најлошите 100 дена на кој било Влада во македонската современа држава. Според него овие 100 дена се вистинско фијаско и продолжение на низата која трае четири долги години – години на промашувања, криминал и неуспех.

Бардовите на македонското новинарство, кои во својата професионална кариера дочекале и испратиле многу влади пред и по независноста на Република Северна Македонија ги анализираат достигнувањата и предизвиците на сегашната македонска влада на економски, политички, социјален и здравствен план.

Анализата со Чомовски и Орданоски погледнете ја во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот