ВИДЕО | Оптометрист предупредува: Еве зошто не треба да ставате туш или моливче на влажната линија на окото

Принтскрин / ТикТок

Д-р Британи Карвер-Шемпер, оптометрист од Северна Каролина, неодамна објави видео на својот профил на „Тикток“ предупредувајќи ги следбениците за опасностите од ставање на ајлајнер на влажната линија на окото затоа што може да предизвика блокирање на жлездите.

Снимката, на која се гледа пациент со запушени очни жлезди, оттогаш има скоро 6,3 милиони прегледи.

Во видеото, д-р Карвер-Шемпер покажува како со помош на алатка го отвара окото на пациентка која носела ајлајнер на влажната линија на окото од тинејџерска возраст. Раскажувајќи за време на видеото, докторката објаснува дека постојат специјални жлезди кои лачат масло.

Карвер-Шемпер, која се занимава со медицина веќе 20 години, вели: „Причините зошто офталмолозите не препорачуваат носење ајлајнер на влажната линија на окото се поврзани со специјализираните жлезди кои произведуваат и лачат масло“.

@bettervision

Why should not put eyeliner on the waterline. #makeup #makeuphacks #eyedoctor #eyeheath #eyeliner #beauty

♬ Send Me on My Way – Vibe Street

Кога маслото не е од вообичаената текстура, таа вели дека тоа значи дека жлездите се „затнати“ и „не произведуваат здрави солзи“.

Д-р Британи исто така вели дека жлездите во влажната линија на окото „произведуваат и лачат слој од масло од нашите солзи што го штити солзниот филм и ги одржува нашите солзи здрави“.

„Без добро масло и здрави солзи, ќе се развие болест на суво око што може да влијае на видот и да предизвика непријатност во очите… Гледаме многу пациенти кои носат ајлајнер на својата влажна линија, и скоро сите од нив имаат одреден степен на оштетување на жлездата“, вели д-р Карвер-Шемпер.

Таа, исто така, потенцираше дека мора да се избегнува нанесување течен туш или ајлајнер во тој предел за да ги одржуваме нашите очи здрави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот