ВИДЕО: Опозицијата го напушти Собранието, бара избори, но не се откажува од иницијативата

Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ вечерва во изјава во Собранието побара итни предвремени парламентарни избори. Тој соопшти дека опозициските пратеници вечерва ќе го напуштат Собранието, но нема да се откажат од иницијативата за рушење на владата во парламентот.

– Денес во Македонија се сруши демократијата и имаме црн ден што ќе остане запишан во страниците на историјата, беше киднапиран пратеник и видовме како режимот на власт се транформира во најкриминоген режим на просторот на Европа, рече

Николоски истакна дека „за ова ќе има одговорност“, за „киднапирањето на пратеници, одземање на телефони и затворање на пратеници во сала“. Според него, очигледно е дека „криминалниот режим на власта се обидува по секоја цена да остане на власт, но тоа нема да трае долго“.

– Од овде вечерва имам јасна порака во име на целата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека наједноставниот излез од оваа политичка криза се бриз предвремени избори во најкус можен рок.

На новинарско прашање околу тоа дали ќе се откажат од иницијативата за гласање на недоверба на Владата, Николоски рече дека „нема да ја повлечат, но ќе си заминат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот