ВИДЕО: Олимписки шампион на носилки изнесен од патеката

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Американецот Конор Филдс кој е актулен олимписки шампион во возење БМХ, на носилки е изненсен од патеката за време на квалификациите на ОИ во Токио.

Филдс беше четвртопласиран по двете квалификациски рунди, но по скокот во третата рунда, тој незгодно падна и лежеше на патеката кога до него дојде медицинскиот тим.

На Американецот неколку минути му беше укажавана лекарска помош по што на носилки беше изнесен од патеката. Поради здобиените повреди, Конор Филдс нема да се натпреварува во финалето.

Видео на денот