ВИДЕО: Огромна бомба извлечена од станбена зграда во Чернихив

Фото: Твитер/принтскрин

18 дена по почетокот на руската инвазија врз Украина, борбите беснеат низ целата земја.

Локалните жители во градот Чернихив денеска низ прозорецот од еден од становите извлекоа огромна неексплодирана бомба, која паднала врз нивната станбена зграда.

Чернихив, град со околу 300.000 жители во северна Украина, и денес беше на удар на руските напади. Во ракетен напад врз интернат во градот, беше целосно уништена зградата од вториот до деветтиот кат, јавија локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот