ВИДЕО: Огромен дел од кинеската ракета кружи неконтролирано околу Земјата, се очекува да падне во следните денови

Фото: Zhang Liyun / Xinhua News / Profimedia

Огромен дел од ракета кружи околу Земјата без контрола и би можел да падне назад на планетата во следните неколку дена.

Кина во средата го лансирала првиот модул од новата вселенска станица која е во изградба, „Тјанхе“. Објектот тежок околу 21 тон е основниот дел од кинеската ракета „Лонг марч 5б“, пишува Јаху њуз. Наместо да падне на одреденото место во океанот, како што е вообичаено за отфрлените ракети, дел од „Лонг марч 5б“ почнал неконтролирано да кружи околу планетата.

Кина гради втора вселенска станица во Земјината Орбита

Делот најверојатно ќе падне назад на Земјата во следните неколку дена, извести „Спејс“.

-Мислам дека според моменталните стандарди е неприфатливо да се дозволи да се врати во атмосферата неконтролирано. Од 1990 година ништо потешко од 10 тони не е намерно оставено во орбитата да се врати неконтролирано, рекол астрономот Џонатан Мекдауел.

Модулот е долг околу 30 метри, а широк околу пет. Кога ќе испадне од својата орбита, тој можеби ќе изгори во нашата атмосфера, но големи делови од отпадот може да поминат. Поголемиот дел од планетата го сочинува океанот, па најверојатно е дека таму ќе слетаат деловите, но и понатаму постои закана за населените подрачја.

Патот на модулот го носи „малку посеверно од Њујорк, Мадрид и Пекинг и далеку на југ како што се јужен Чиле и Велингтон, Нов Зелан“ – модулот би можел да падне каде било во тој дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот