ВИДЕО | Огненовски: „Демократи“ на изборите ќе ја понудат промената

Се подготвуваме за локалните избори. Заеднички настапуваме со МОРО-работничката партија, разговараме и со други партии и организации кои сакаат промени. Значете што ни се случува 30 години. Ние немаме доверба во изборниот процес, минатите на 15 јули беа криминални. 30 години се врши криминал за избори. Се поткупуваат сиромашни граѓани, кое што претставува огромен криминал. Притисокот кој се врши е недозволив и претставува криминал. Ние за време на минатите избори поднесовме до ДИК жалба, дека сакаме да ги видиме неважечките ливчиња. Тие не одбија. Дадовме жалба и до Управен суд, од таму исто ни велат дека не сме имале доволно докази, изјави за Утрински брифинг лидерот на Демократи, Јорго Огненовски .

-На овие избори иако не веруваме мора да одиме, за народот да знае дека постојат партии како Демократи. Нашата понуда, а воедно и најважна е промената. Ние нудиме демократија, спречување на пљачката од општинските каси, спречување на политичкиот и стопанскиот криминал, вели Огненовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот