ВИДЕО | Огнен Јанески: Македонскиот јазик во медиумите е во лоша состојба

Огнен Јанески / Утрински брифинг
Огнен Јанески / Утрински брифинг

Книгата „Разговори за Конески“ на новинарот Огнен Јанески, неше промовирана во Небрегово и е составена од интервјуа и прилози посветени на Блаже Конески или на настани поврзани со него, а во неа се поместени 11 разговори на Јанески со познавачи на деллото на Конески меѓу кои: Трајко Стаматоски, Атанас Вангелов, Соња Стојменска-Елзесер, Вера Стојчевска-Антиќ, Људмил Спасов, Весна Мојсова-Чепишевска, Јагода Михајлова – Георгиевска и други.

„Идејата за книгата произлезе од потребата некои од бројните разговори да ги „запечатите“ во книга за да останат подолго. Разговорите, заедно со професорот Атанас Конески, кој што е и секретар на Фондацијата „Небрегово“, сакавме да ги направиме спој од традиционален медиум како што е телевизијата и еден медиум кој лушето, освен оние во науката, не го сметаат за медиум, а тоа е книгата. Во „Разговори за Конески“ поместени се делови од семејната историја, некои работи не сум ги знаел. Во книгата на Цане Андреевски, Блаже Конески раскажува како во Софија, во квартот „Захарна фабрика“, живеел во мала собичка во куќата на мојот прадедо Крсто Гермов Шакир војвода и бидејќи во тоа време прадедо ми бил пребеган во Софија затоа што бил на црната листа на тогашните ванчомихајловисти и работел на пренесувањето вести и весник на македонски јазик и најмногу разговарал за слободна Македонија и македонскиот јазик токму со Блаже Конески“, раскажува Огнен Јанески за Утрински брифинг.

Јанески вели дека состојбата на македонскиот јазик, особено во медиумите е на многу ниско ниво.

„Многу ми е тажно тоа што во медиумите нема лектори, никаква редактура на она што излегува како информација. Јас би одел и дотаму, иако многумина можеби ќе го сметаат за радикално, барањето да се востанови Агенција за македонски јазик чија задача би би била да внимава на македонскиот јазик во јавниот контекст“, додава Јанески.

Неговата книга „Разговори со Конески“ е во издание на „Култура“.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот