ВИДЕО: Оган го проголта најголемиот светски пазар во Париз

Фото: Твитер/принтскрин

Голем пожар избувна во преградие на Париз, во најголемиот пазар за свежа храна во светот, Ранжис, јавија светските медиуми.

Пожарот избувнал во магацин на фирма за овошје и зеленчук, во средиштето на познатиот меѓународен пазар, каде има 1.200 продавачи на големо.

Огромен столб од чад, видлив со километри наоколу, се издигаше над пазарот кој се простира на 234 хектари и е популарно место за посета на туристите.

Стотици пожарникари и триесет противпожарни камиони го гаснеа пожарот, а властите ги повикаа граѓаните да не одат во тој дел од градот. Според командантот на париските пожарникари, Марк Лемоан, пожарот бил локализиран, а во него изгорел голем дел од пазарот Ранжис. Никој не е повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот