ВИДЕО: Официјално, Лионел Меси е нов фудбалер на ПСЖ

Меси ги поздрави навивачите на ПСЖ на аеродромот Ле Бурж, Париз Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Се чекаше и моментот кога парискиот клуб ќе го потврди најголемиот трансфер ова лето, тоа сега и официјално е објавено.

Лионел Меси (34) е нов фудбалер на ПСЖ, париските „светци“ објавија едно краток видео со потврда на трансферот.

Деталите околу договорот не се познато, но како што се најавуваше од Фабрицио Романо, соработката ќе биде на две години, со опција истата да биде продолжена на уште една.

ПСЖ со ангажирањето на Меси, и дефинитивно сезонава има одлични шанси да се бори и конечно го освои толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Минатата сезона аргентинскиот фудбалер во дресот на Барселона во шпанската „Ла Лига“ постигна 30 голови во 35 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот