ВИДЕО | Одбрана на годината: Голманот на Емполи направи „чудо“ по шутот на Абрахам

Фото: Screenshot

Рома вчера со два гола во првите шест минути го победи Емполи, Паоло Дибала беше играчот на мечот кај „волчицата“ со две асистенции, но по натпреварот се коментираше и одбраната на голманот на гостинскиот тим Гиљермо Викарио.

Во една акција на Рома Викарио забележа три интервенции во три секунди, а посебно импресивна беше третата. Ударот на Тами Абрахам голманот успеа да го одбрани со нога додека беше паднат на гол-линијата.

Дефинитивно една од најдобрите одбрани во последно време видени на фудбалските терени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот