ВИДЕО | „Одмаздата се служи ладна“: Ја нарекол „кит“ и ѝ го скршил срцето, за една година сменила четири конфекциски броја

Изобел Мори
Фото: Принтскрин / TikTok

Девојчето по име Изобел Мори од Стафордшир имала најмногу килограми во јануари 2020 година. Во март 2020 година, 18-годишната девојка повремено држела диета и оттогаш сменила дури четири конфекциски броеви, пренесува „Daily Mail“.

Таа тврди дека оваа губењето на вишокот килограми „ѝ го сменил животот“. Си ја вратила својата самодоверба и за првпат по долго време носела бикини.

@izmorrey

in honour of me starting my weight loss journey 1 year ago😌 #weightloss #weightlossjourney #fyp #foryoupage #fasting #fastingforweightloss

♬ Venom – Little Simz

Едно од нејзините најдобри достигнувања, како што вели девојката, било кога одбила еден поранешен симпатија кој кога биле мали ѝ рекол дека е дебела.

Режимот што го практикува Мори се нарекува „5:2“, затоа што јаде нормално пет дена во неделата, додека другите два дена бројот на калории е ограничен на 500-600 на ден.

Изобел откри дека од 11-годишна возраст се чувствувала ужасно поради својата тежина и дека го мразела своето тело. Таа тврди дека фотографиите на „гламурозните“ тела на девојките на социјалните мрежи ѝ предизвикале лош однос што го имала со своето тело.

@izmorrey

the picture💀💀 #fyp #BOSSUpYourGame #weightloss #fypシ #foryoupage

♬ Yucky Blucky Fruitcake by IAmDoechii – YAR.

„Се сеќавам дека кога имав 11 години на едно момче му реков дека ми се допаѓа, а тој почна да вика низ училницата: „Молчи, киту“. Тоа ме скрши и ја влоши мојата несигурност“, раскажа Изобел.

 

Изобел тврди дека се чувствувала моќно кога го одбила и дека тоа што тој после долго време ѝ се обратил, само ѝ ја зголемило самодовербата.

„Смешно е што сега му се допаѓам, мислам дека помладата „јас“ би била многу горда на мене“, рече таа.

@izmorrey

the first clip makes me feel sick🤢 #weightloss #foryoupage #fyp #weightlosstransformation #fastingforweightloss

♬ J. Cole – No Role Modelz – amanda😍

По навредливиот коментар, Изобел вели дека вложувала повеќе напор во својот изглед – дури започнала да се шминка.

„Моите соученици ми се смееја затоа што бев кловн во класот, и јас се смеев, но очигледно не и одвнатре. Во мојата младост, се смеев и се забавував, тогаш не ми беше грижа за својата тежина. Но, кога малку пораснав, тоа беше единственото нешто за кое размислував. Не бев задоволна од себе и тежината навистина ме гушеше. Се сеќавам дека го вовлекував стомакот и не дишев за луѓето да не си помислат дека сум дебела, иако не бев во тоа време“, вели девојката.

По долгогодишно незадоволство од својот физички изглед, Изобел решила да преземе нешто и да започне едно ново патување. Воодушевената Изобел вели дека резултатите за кратко време биле видливи.

„Дефинитивно би рекла дека социјалните мрежи имаа многу врска со тоа како се чувствував. Ниту еден мој близок не сметаше дека имам проблеми со тежината, но јас се чувствував така. Отсекогаш сум била загрижена за својата тежина. Сега кога ќе погледнам на тие фотографии, сфаќам дека не сум била толку дебела како што мислев. Сето тоа било само во мојата глава, што е една од најлошите битки“, заклучи Изобел.

Видео на денот