ВИДЕО: Одличниот Богдановиќ не успеа да го запре Милвоки
Иако Богдан Богдановиќ ја продолжи серијата одлични игри и беше најефикасниот играч на натпреварот, кошаркарите на Атланта претрпеа нов пораз од Милвоки со 109:120 на свој терен доцна синоќа во НБА лигата.
Српскиот интернационалец мечот го заврши со 28 поени со шест скока и седум асистенции, а постигна дури шест тројки, но немаше добра поддршка од остатокот на тимот, па Хокси го претрпеа седмиот последователен пораз во дуелите со Милвоки.
Од друга страна, во победничкиот тим на Милвоки, Јанис Адетокумбо ја немаше вообичаената улога, но во тимот, дури седум играчи имаа двоцифрен учинок.
Тие беа предводени од Холидеј со 23 поени и Лопез кој имаше „дабл-дабл“ од 19 поени и 12 скока. Адетокумбо го заврши натпреварот со 15 поени, пет скока и две асистенции.
НБА лига, резултати –
Атланта Хокс – Милвоки Бакс 109:120
Кливленд Кавалирс – Голден Стејт Вориорс 101:119
Лос Анџелес Лејкерс – Бостон Селтикс 113:121
Феникс Санс – Сакраменто Кингс 122:114