ВИДЕО | Одлични вести за регионот: Вакцината „Спутник В“ почна да се произведува во Србија

На институтот „Торлак“ во Србија е започнато производството на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ и во иднина ќе може да се извезува во државите од регионот, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), пренесуваат српските медиуми.

„РФПИ и Институтот за вирологија и вакцини „Торлак“ известуваат дека е започнато производство на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ во Србија. Со тоа, Србија стана првата држава во јужна Европа која ќе произведува „Спутник В“. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди“, соопштиле од фондот.

Од фондот нагласија дека во иднина ќе биде можно извоз на вакцината во другите држави од регионот.

Директорот на рускиот фонд, Кирил Дмитријев истакна дека од почетокот на оваа година вакцината „Спутник В“ активно се користи за вакцинација на луѓето и благодарејќи на започнувањето на локалното производство, обемот на вакцинација ќе биде значително зголемен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот