ВИДЕО | Одлична забава со Дац и Александар, ДЏ Фиц, Драган Б. Костиќ и тамбурашите на „Центар и пријателите“

Фото: Скриншот/Фејсбук

Многу насмевки, задоволство, дружење, музика и пријатна атмосфера на предновогодишната забава „Центар и пријателите“, која се одржа во петокот на „Боемска 1“.

Граѓаните се забавуваа на хитовите кои ги пуштаа ди-џеите Фиц и Драган Б. Костиќ, песните на Дац и Александар Митевски и за крај уживаа во тамбурашите кои со својот репертоар ги стоплија срцата на присутните во доцните вечерни часови.

На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кој им им ја честиташе новата 2023 година и им посака среќен и спокен празничен период.

„Наредната година посакувам на сите да ни биде подобра, повесела и посреќна. Ја испраќаме старата и со голема доза на оптимизам ја започнуваме новата година. 2023-та нека биде година која ќе ја посветиме на нашите најблиски, семејството, пријателите. Во Центар започнуваме нова приказна. Продолжуваме со уште позасилено темпо, со нови проекти, нови активности и нови иницијативи за подобар живот на сите нас“, им порача градоначалникот Герасимовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот